Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид.
Денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање на тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа.
Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид.
Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“.