Во емисијата „Само Вистина” вечерва гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој што посочи дека СДСМ не е фактор за да си игра и да уценува со здравјето на граѓаните за да се одржат изборите.
-Претседателот Мицкоски во своето јавно излагање го сподели ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа прашање за изборите на 21 јуни, кој и да е датум во јуни што планираат од СДСМ. Морам уште еднаш да потенцирам јавно иако граѓаните веќе го имаат слушнато тоа од мене и од мојата матична партија, од луѓето од кај нас кои што излегуваат во медиумите, СДСМ повеќе не е фактор да уценува и да си игра со здравјето на граѓаните, со чувствата на граѓаните- истакна Арсовски.
Првата вонредна состојба во Република Македонија, рече Арсовски, од страна на државниот врв е прогласена на 18-ти март. На 17-ти и 18-ти март веќе се одлучува да изборите бидат одложени.
Арсовски потсети дека во Македонија има најголема смртност од корона вирусот во регионот.
Арсовски додаде дека во Македонија на 400-500 тестови дневно каде што половина од тие се дел од скринингот на градинките. Затоа на некои 250 до 300 луѓе има 40 заболени од вирусот. Тоа би било дневно над 10% заболени.
-Верувам дека седум дена имаше прилика да се распрашаш и да се запознаеш со случајот и уште еднаш би сакал да те прашам бидејќи седум дена молчи вашата пи-ар служба, вашата партија, вашите функционери, Владата молчи. Еве да те прашам уште еднаш дали праша поради која причина, зошто била задолжена владата да даде две лиценци на веќе познати фирми од струмичко-го запраша Арсовски соговорникот Костадинов.
Притоа Арсовски потсети дека едната фирма е на Тони Котев претседател на СДСМ, Ново Село, и добил лиценца за одгледување на марихуана во време на вонредна состојба. Втората фирма е каде што менаџер е исто роднина на Тони Котев, и воедно и син на осуден градоначалник за шверц со цигари и близок пријател на Зоран Заев, Боро Стојчев.
Арсовски посочи дека само во првото тромесечие Македонија има буџетска дупка од над 200 милиони евра. Во истиот тој прв квартал реализацијата на капитални инвестиции е околу 9% односно околу 50 милиони евра.
-Дали ти ќе сносиш одговорност во време на кампања доколку има еден заразен или еден починат од корона вирусот, дали од твојот тим, дали од граѓаните кои што ќе излезат на гласање или со кои што ќе се сретнеш ? Дали ќе имаш одговорност и дали подоцна ќе сносиш јавно одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања-го запраша Арсовски неговиот соговорник Костадинов.
Костадинов го избегна прашањето и не сакаше да одговори.