Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое се темели на меѓусебно разбирање и почит.
Одбележувајќи го овој празник покажуваме дека ги почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот во нашава татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани