Соопштение за јавност на ОО СДСМ Охрид, 23 мај, 2020 Охрид
Под мотото: „Првата битка ја добивме“, но борбата не е завршена“, денеска кандидатите за пратеници на СДСМ од ОО во Охрид, актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски во соработка со Клубот на СДММ Охрид ја спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид -19.
На две локации: Кеј Македонија и од Стара Чаршија до пазарот, Лазаревска и Таневски на граѓаните им делеа флаери со најважните информации сврзани со корнавирусот како и 1000 маски за еднократна употреба и подобра заштита од него.
Поентата на средбите кои наидоа на позитивен одзив кај граѓаните беше заокружена со пораката:
„Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со корона вирусот“.
Центар за комуникации
ОО СДСМ – Охрид
Фото фб. СДСМ Охрид