Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите.
Овој значаен празник за влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.
Обврска на сите нас е да го чуваме, развиваме и промовираме етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.
Упатуваме искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Охрид и Република Македонија.
Нека е честит националниот ден на Власите!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид