ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАЕН ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Делегација на Каен, предводена од заменик градоначалникот Кетрин Прадал оствари работна средба со претставници на општина Охрид.

На средбата беше разговарано за тековните заеднички проекти со Каен и чија реализација е во тек, како и за идни заеднички апликации со проекти пред европските и други меѓународни фондови.

Во знак на добрата меѓусебна соработка беше разговарано за туристичка промоција на Охрид и пренесување на искуството во промоција кое го има Каен во повеќе видови на туризам.