СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА

Градоначалникот на Охрид,    Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со директорите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, д-р Садула Усеини и м-р Венко Стомнароски.

Од двете страни беше изразено огромното задоволство од успешно реализираната крводарителска акција што денеска се одржа во Охрид и големиот одзив на Охриѓани кои се покажаа како одлични донори на крв во услови кога државава и целиот Свет се соочува со пандемијата од Ковид 19.  Заеднички беше заклучено дека задоволителниот број  на собрани единици крв и добрата организација на настанот се само повод за организирање на вакви или слични други настани со хуманитарен карактер.

На средбата присуствуваше и заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.