Дали МОН има во план да извести дали ќе се отвараат сместувачките капацитети за студентите?
Без разлика дали има позитивен или негативен одговор, дел од студентите почнуваат со полагања од 01.06 треба да го планираат својот престој во Скопје.
Дали УКИМ, МОН, УСС-УКИМ ќе се координираат и ќе најдат решение ако има одлука за карантин за некој општини (голема е веројатноста).
Ако има таква одлука, студенти не ќе можат да влезат и да се сместат во тие општини, а има и студенти којшто се од Скопје и не ќе можат да излезат од своите општини.
Дали ќе се најде начин овие студенти да полагаат или ќе бидат дискриминирани?
До кога студентите ќе бидат ставани на “stand by”?
До : Универзитетско студентско собрание – УКИМ
Министерство за образование и наука
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје