Секојдневното држење пресови без содржина, без чесни и јасни аргументи и факти од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, очигледно како и претходно и сега се диригирани од „белата шампита“ во Скопје и подалеку од Будимпешта. Толку колку да им се задоволат страстите на нарачателите ( а на овдешните им е јасно дека залудно се обидуваат да критикуваат и нешта за кои нема место за критика) дека наводно пак ја оцрнивме локалната власт а Градоначалникот успеавме да го направиме неспособен. Јасни ни се намерите на нашите политички опоненти јавноста да се дефокусира од она што е приоритет за нас како општина и за нас како држава.Но фактите и аргументите за среќа се на страната на СДСМ како државотворна партија и од неа избраните кадри да покриваат стари грешки, токму направени од над децениското расипничко владеење на ВМРО ДПМНЕ и во исто време да се борат со нивните кадри вгнездени насекаде во институциите кои на секој начин се трудат да го забават прогресот во сите области во кои беа и се инфилтрирани и на крајот да се реализира ветеното пред гласачите. Господо од ВМРО ДПМНЕ колку и да негирате јавно, знаеме дека на крајот од денот ќе си признаете дека навистина не сме исти, велат од ОО СДСМ во соошштнието и реакцијата која се однесува на ВМРО ДПМНЕ.
Колку за споредба, не треба многу да се врти по архивите. Ви порачуваме само да го земете новиот едногодишен Отчет на градоначалникот Георгиески и само прочитајте, споредбата ќе ви стане јасна, побарајте го Отчетот на неговиот претходник Бакрачески. Јасно е во само една година направено е многу повеќе отколку во вашите четири.
Наместо со шминка на градот Георгиески заедно со Јавните претпријатија и видите каква разлика од претходната ваша ВМРО ДПМНЕ власт, сесрдно помогнат од државната власт предводена од СДСМ во Охрид започнати и завршени се многу инфраструктурни проекти кои со децении беа одложувани. Ќе требе време и простор да се наброи се’. Но сепак само дел: Намалениот долг на општината, Репарацијата на колекторот, ул. „Абас Емин“, ул. АСНОМ , новиот асфалт на стариот пат Охрид – Струга , Булеварот Туристичка и исто така делницата од Охрид до Метропол, спортската сала во ЕМУЦ, целосно новиот лик на ова средно училиште, одблокираното ОУ „Григор Прличев“ и низата зафати во останатите општински ОУ… Оваа власт го подобрува животот не само во центарот, туку и во периферијата а мисли и на населбите околу градот решавајќи нивни приоритети.
Што се однесува до проблемот со „парапетчето“ во Градиште и УНЕСКО , точно е дека нешто што неконтролирано се градело на три децении тешко е да се воведе во ред. Но корумпираноста на судството, институциите и урбаната мафија немаат боја и партија. За жал заеднички именител им е бојата на парите и личниот профит. Но никако нема да се сложиме дека сите проблеми се продукт само на нашето време.
Зашто додека ние се трудиме да исполниме европски стандарди Вие градевте Ваша инфраструктура со Ваши судии од тефтерчето на Гоца кои еве се покажа и до денес, прават се’ вашите властодршци да ги ослободат од вина.
Бидете сигурни општината и градоначалникот и во овој дел сврзан со УНЕСКО ќе добијат помош од државата. Но, вие од ВМРО ДПМНЕ најмалку треба да зборувате за мафија и корумпираност и расипништво. Правите се’ да се заборават Вашите мега афери и скандали и прашајте се чии луѓе се „во медот“ и кој уште прекршува закони. Граѓаните и ние заедно со нив не сме заборавиле.
Ништо не е лесно Република Северна Македонија стана членка на НАТО, на пат е да добие датум за преговори со ЕУ , како и цел свет се бори со Ковид 19 и пак вие наместо конструктивност, глумите лудило.
Изборите кога и да се случат,а ќе бидат брзо, ќе покажат кој бил и е со народот а кој и зошто работел против него, градот и државата, велат од ОО СДСМ во соошштнието и реакцијата која се однесува на ВМРО ДПМНЕ.