Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците:
- -ул.„Ариф Мустафа“
- -ул. „Махмуд Рифат“
- -ул.„Бистрица“
- -ул„Шар Планина“
- -ул„Никола Петров Русински“
- -ул.„ Хаџи Мустафа“
- -ул.„Сатеска“
- -ул.„Васил Стефовски“
- -ул„Мишо Гилиќ“
- -ул.„Трајче Талески“
- -ул.„Гоце Делчев“
Акцијата ќе се реализира на 3 и 4 јуни( среда и четврток) 2020год.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со
цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“- Охрид на 3 и 4 јуни ( среда и четврток) 2020 год. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и задолжително заштитни маски, како и да се почитува задожителното растојание од 2 метри.