Успешно се реализира годинешното издание на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “ што традиционално го организира Општина Охрид. Огромен беше одзивот на жителите од улиците: „Ариф Мустафа“, „Махмуд Рифат“, Бистрица“, „Шар Планина“„Никола Петров -Русински“,„Хаџи Мустафа“,„Сатеска“„Васил Стефовски“, „Мишо Гилиќ“и „Трајче Талески“ при делењето на 400 жардиниери со саксиско цвеќе.
Цвеќето охриѓани го подигнуваа денес и вчера од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“.