Се известуваат сите учесници во сообраќајот односно сопственици на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација во централното градско подрачје. Поради тоа се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве улици , се со цел непречено одвивање на активностите.
Паркинг простор на улиците: „ Булевар Македонски Просветители“, „ Кеј Македонија”, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“, „ Кузман Јосифовски Питу“, „ Ванчо Николески“, „ Серафим Китаноски“, „ Страшо Пинџур“, „ Караорман“, „ Мите Богоески“ и „ Даме Груев“.