Не му е првпат, вели Заев, да не ги почитува мерките и да ја лаже и манипулира јавноста.
„Како што никој не веруваше во приказната за мали деца за ‘отсјајот во теретаната’, така сега никој не верува во приказната дека лидерот на опозицијата не бил информиран доволно за новите протоколи. Па, како е можно да не бил информиран, кога министерот за внатрешни работи постојано кажува дека редовно го информира својот шеф за сите одлуки и мерки на Владата? Како е можно Мицкоски да не знаел дека неговата ’средба со познајници во една скопска кафеана‘ е арогантно кршење на правилата за заштита на здравјето?“,
напиша Заев на Фејсбук.