Рекордни 177 нови регистрирани со коронавирус во земјава. Додека Скопје, Тетово, Куманово и Штип ги ситнат првите 24 часа од 80 часовниот полициски час како региони со најголем број на нови случаи, на нивно конто денеска одат и дополнителни 159 случи, регистрирани во последниве 24 часа во овие четири региони.
Инаку од податоците со кои до сега се располага во Скопје денеска се регистрирани нови 105 случаи, Куманово 26, во Штип 15 и Тетово 13. Од другите општини со бројка е издвојува Гостивар каде денеска се регистрирани 8 нови случи со што вкупната бројка на активни случаи таму е 20.
Денешните бројки се резултат на 1.245 спроведеи тестирања.
Ковид статистиката денеска регистрира и два смртни случи на едно лице од Скопје и едно од Куманово, со што вкупната бројка на починати како последица наа коронавирусот се искачи на 149. Досега највисок морталитет на случите е регистриран во Струга, Куманово, Прилеп, Велес и Дебар.
Инаку од скопските општини заклучно со вчерашиот ден најмногу активно случи има Чаир со 125, потоа следи Бутел со 62, Сарај со 53, Гази Баба со 46, Аеродром со 45, Карпош има 35, Центар има 32 активни случи со Ковид-19, Арачиново 26, Студеничнани 21, Ѓорче Петров и Кисела Вода по 19.
Според анализите на Институтот за јавно здравје направени до 3 јуни, од вкупната бројка на регистрирани 2.610 случаи 33,6% не се регистрирани симптоми на заболувањето, додека 74,3% имале контакт со веќе потврден случај во земјава.
Во однос на симптомите пак кои заболените лица пријавуваат најчесто се регистрирани температура во 64,2%, потоа кашлица во речиси 52 проценит од случаите, потоа малаксаност, треска, главоболка, отежнато дишење и болка во грло.
Активни регистрирани случаи во земјава со коронавирус во моментов се 1009.