Георгиевски : Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Општина Охрид .

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.

На улица „15-ти Корпус“ во тек е поставување на рабници и се врши тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки.

На улица „Абас Емин“ се вршеше испитување на поставениот цевковод за фекална канализација, по што ќе започне преприклучување во новата линија.

На улица „Прва Македонска ударна бригада“ се изврши отстранување на старите рабници и во тек е тампонирање на тротоарот.

На улицата во поранешната касарна, во завршна фаза се активностите за поставување на рабници.

Успешно реализирана активноста „Цветни балкони – Цветен Охрид “ при што, по соодветен распоред беа поделени околу 400 жардиниери со саксиско цвеќе.

Објавено беше Решението за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за Општина Охрид за 2020 година.

Со почитување и применување на сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19 и во согласност со усвоениот Протокол, започна уписот на првачиња во сите основни училишта на територијата на Општина Охрид.