Кривични пријави за вкупно 22 станоиздавачи во туристичките места.
Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на протоколите за работа на брегот на Охридското езеро но и во останатите туристички места низ државата.
Најголемиот дел од прекршувањата, осум се во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран, и по едно во Маврово и Пониква.
При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено.
Некои станоиздавачи сместувале по двајца, а други и по 20 гости во вилите.
ИЗВОР : https://sitel.com.mk/krivichni-prijavi-za-22-ugostiteli-koi-smestuvale-gosti-i-pokraj-zabranata