Соопштение до јавностa – Реакција на изјавата на Лазе Таневски
Почитувани,
Лазе Таневски заедно со својот ментор Зоран Заев само ветуваат, а за жал ништо не исполнија.
Зарем пандемијата ги спречи за цело време од нивниот мандат да не успеат да развијат ниту една форма од ветениот домашен туризам со кој сега се тупаат в гради?!
Ветија многу, не остварија ништо во туризмот.
Затоа нека нѐ ни продаваат магла, бидејќи и самите се свесни чија заслуга се плодовите од макторпната работа во туризмот!
Лицемерно е кога Владата на СДСМ го задолжи секое семејство за 1.500 евра, сега Танески да ветува дека ќе делат ваучери од 150 евра – поткуп кој не може да го исплатат.
Што презедоа СДСМ и Таневски освен лоши и неефективни мерки, а доказ за тоа е состојбата во угостителскиот сектор, каде од 33.000 работници, половина се времено без работа?
Таневски да наброи барем едно нешто од „макотрпната“ презентација на Охрид и Македонија пред странските тур-оператори?
Кои се тие плодови кога денес имаме трицифрени бројки на новозаразени од коронавирусот и дупло од претходно починати?
Од една страна ги казнуваат станоиздавачите по 2000 евра, а од друга страна нудат ваучери со десет пати помала цена.
Зошто сè уште нема никакви протоколи за работа во хотелско-угостителскиот еснаф? Затоа што наместо навремено да ги осмислат и веќе да беа дефинирани протоколите за работа во хотелско-угостителскиот сектор, тие побрзаа да им се заканат на угостителите и да ги наречат криминалци и поддржувачи на сивата економија.
Тоа се плодовите од нивната „макотрпна“ работа!
Додека Таневски се фали со „успешноста“ на своите мерки за поддршка на македонското стопанство, илјадници наши сограѓани не знаат како ќе го поминат месецот бидејќи се оставени без приходи.
Благодарение на нивните ,,мерки и стратегија” за борбата против коронавирусот ќе ја изгубиме целата туристичката сезона.
Казната за СДСМ следува на парламентарните избори кога и тие да се случат!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид