Како прво терминот „Соживот“ прв го употреби Киро Глигоров во 90-те години и се наметна во јавниот дискрус, без некоја дефиниција или теоретска рамка што тоа значи, а голем број на интелектуалци го напаѓаа како несоодветен за да се отсликува реалноста на македонското општество. Мојот пријател од Струга, Јоне Кленко дури во една негова книга напиша „ние сме немале соживот, ние сме имале живот, ова сега е далеку од тоа време“ (мислејќи на животот во Струга за време на СФРЈ и познатата парола „братство и единство“).
Во втората половина на 90-тите години, се повеќе започна да се користи терминот мултикултурализам, мултикултурно општество, па погрешните термини „мултиетничко општетсво“, смешната кованица „мулти-култи“ итн, и полека „соживотот“ исчезнуваше од јавниот дискурс. Според мене терминот „соживот“ треба да се заборави и воопшто да не се користи за претставување на нашето општетсво и политики, бидејќи веднаш како „нулта точка“ се прифаќа дека нашето општество е „поделено“.
По Охридскиот рамковен договор, албанската страна во јавниот дискурс се почесто ја наметнува парадигмата за „мултиетничко општество“, кое во реалноста се претвори во би-етничко, за полека се повеќе и повеќе се наметнува (како „гебелсовата стратегија“ за постојано повторување се додека не постане јавна недискутабилна вистина), дека Македонија е држава на Македонците и Албанците, а сите други се небитен „нус-производ“ на историското наследство. Поделеното општество постана сурова и прифатлива реалност, а тоа што ги спојува различностите е само заедничкиот пазар и легислативата (која во суштина и не се почитува како што треба).
Со стратегијата за развој на концептот за „едно општество“ и интеркултурализмот, се прават напори да се намали поделеноста и да што повеќе се развијат интер-културните релации, комунукации, и да граѓанинот без разлика на било кој идентитет биде на пиадесталот и на фокусот на вниманието.
Пандемијата на КОВИД 19 на површина извади многу работи, што човек или заедница поинаку би реагирале во латента состојба, а поинаку во афектна состојба. За жал гледаме дека во афект испливуваат работи што повторно го потенцираат нагонот да секогаш „другите“ се лошите, а „ние“ сме добрите.
Како и да е најмалку очекував од академик Катица Ќулафкова, да реагира афектно, во овие тешки моменти за нашето општество, со оглед на тоа дека станува збор за интелектуалец со врвни достигања, член на МАНУ, но сепак со етно-центрични и амбивалетни чувства кон „другите“! Тоа што е академик и дава уште поголема општествена одговорност дека не треба да има националистички испади. Впрочем да не заборавиме војните во СФРЈ се иницираа со фамозиниот „Меморандум на САНУ“. Затоа сметатм дека ова не треба да се заташка и стави под тепих, туку да се оди до целосно разсвлетлување, дебатирање и осудување од сите повикани институции и општествени чинители.