Полицаец во КПУ Затвор Охрид е позитивен на Ковид 19.
Полицаецот од 25ти Мај користел денови поради тоа што имал новороденче. Кога се вратил на работа, на влезот му била мерена температура и веднаш бил вратен дома.
Директорот на затворот Ристе Недески вели дека сега се во консултации со Центарот за јавно здравје, но дека верува дека нема опасност по здравјето на вработените и затворениците.