Почитувани,
Дезинфекцијата на улиците во Охрид – Потенцијална еколошка закана за езерото!!!
Непромислено и брзоплето и спротивно на препораките на Светска Здравствена Организација, еден ден откако градот го напуштија илјадниците посетители во деновите на долг карантин за некои од градовите во Македонија, градските власти побрзаа да ги дезинфицираат улиците. Улиците, КЕЈОТ! И многу други јавни површини. Брзајќи да остават впечаток дека „нешто се прави” и дека „сѐ е под контрола”, веројатно не им падна на памет да прочитаат или барем да консултираат некого кој знае да прочита што советува СЗО на оваа тема. Веројатно заборавија дека живееме покрај едно од најстарите, најчистите, најдлабоките и најубавите езера во светот.
Не помислија на ризикот по Охридското Езеро и што е најважно, ДАЛИ ТОЈ Е ОПРАВДАН? Е па господо од власта: НЕ Е ОПРАВДАН!
Имено на 16.5.2020 година СЗО на својата официјална страна ќе напише: „На отворен простор прскање од голем обсег или во вид на пареа во области како што се улици или отворени маркет простори за КОВИД-19 вирусот или други патогени НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА.“
Повелете линк: https://www.who.int/news-room/q-a-detail/q-a-considerations-for-the-cleaning-and-disinfection-of-environmental-surfaces-in-the-context-of-covid-19-in-non-health-care-settings.
Пишува тука и за можните штети по здравјето на луѓето и за тоа дека улиците и тротоарите не се сметаат за патишта за пренос на вирусот. Ќе прочитате! Прочитајте ги и препораките на Министерство за животна средина на Израел на оваа тема од неодамна и многуте предупредувања од различни извори кои се занимаваат со заштита на животната средина!
Ќе прочитате, но сега е доцна! Во иднина читајте на време! Сега некој треба да понесе одговорност за загрозување на здравјето на граѓаните и за загрозување на водите на Охридското Езеро.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид