Единствениот советник Албанец избран во листата на ДУИ во Ресен од денес ќе ги претставува политиките на Движењето БЕСА, објави civilmedia.mk.
Потпретседателот на движењето Беса, Кастриот Реџепи, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес имал средба со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, како и со единствениот советник албанец во Советот на општината, Мемет Хоџа.
Потпреседателот Реџепи најавува дека единствениот албански советник во оваа општина кој е избран во листата на ДУИ од денес ќе ги претставува политиките на Движењето Беса.