Деновиве во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад од видот: агератум, салвија, петунија, сардела, цинија, “Лепи Јово” и “џунџуле”.
Во ново цветно руво ќе светнат зелените површини во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови, зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, покрај дрворедите во централното градско подрачје и другите хортикултурно уредени површини во градот и приградските населби.
Според годишниот план за 2020 год., од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.