Се известуваат сите корисници (физички и правни лица) на услугите на ЈП ВОДОВОД Охрид, дека како дел од мерките за справување со економските последици настанати од вирусот COVID 19 , Управниот одбор на ЈП ВОДОВОД Охрид на седницата одржана на ден 12.06.2020 година
донесе одлука за репрограмирање на долгови на корисници за услуги од водоснабдување, без камата за задоцнето плаќање.
Физичките и правните лица кои ќе го платат заостанатиот (главен) долг еднократно, истиот го плаќаат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Акцијата за склучување на договори за плаќање на рати без камата , започнува од 15.06.2020 заклучно со 15.09.2020 година и истите ќе се склучуваат само во правната служба на ЈП ВОДОВОД Охрид – дирекција.