Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 46
- Куманово 6
- Штип 6
- Прилеп 2
- Тетово 17
- Струга 9
- Велес 3
- Битола 1
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Струмица 1
- Свети Николе 1
- Ресен 6
Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.
- Скопје 10
- Прилеп 2
- Тетово 1
Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.