ЈП Градски пазар го отвори новиот објект што би се рекло се изгланца за око, но се дави во смет. Граѓаните реагираат дека со денови има многу смет во просторот на ЈП.
Колку и да се префрла вината на граѓаните и дека немаат еколошка култура, сепак прашањето е би фрлале ли тие доколу местото е чисто?
Граѓаните кои редовно го посетуваат пазарот реагираат дека сликата со купишта смет е постојано иста. Тие велат дека поради топлото време се шири многу непријатна миризба и дека се плашат од зарази.