Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска оствари средба со Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На средбата се разговараше за подобрувањето на ефикасноста на административните службеници, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги за граѓаните.
Министерот и градоначалникот извршија увид на почетокот на градежните активности за салата „Една точка за услуги“, која е сместена во зградата на општината.Според планот на Министерството за информатичко општество и администрација, овој простор за многу кратко време ќе добие целосно нов изглед и ќе претставува место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk