Почитувани,
Радмила Шекеринска е истрошен политичар кој живее во сопствените лаги и ги злоупотребува државните функции за партиски цели. Со СДСМ, Зоран Заев и Шекеринска нема инвестиции и воопшто не се вложуваа во образованието и инфраструктурата.
Лицемерно е Шекеринска да доаѓа во Охрид, а ништо да не каже за предлог-проектите за Охрид коишто ги ветуваше како носител на ИЕ 5 со Планот за живот на претходните парламентарни избори.
На кој начин се грижи власта за најмладите кога ги нема ветените спортски сали во училиштата?
СДСМ и Шекеринска ги излажаа граѓаните затоа што нема ништо од изградбата на ветените четири спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“ – нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Кога директорите повеќе ќе работат и ќе ги промовираат училиштата наместо функционерите од власта и партиските агенди тогаш може СДСМ да рече дека се грижи повеќе за младите и за образованието. Шекеринска треба да знае дека зголемениот интерес за упис на ученици во електромашинската струка е само поради капиталните инвестиции „ОДВ Електрик“ и „Костал“ донесени токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен што затворија фабрики и бизниси кои капитални инвестиции ги донесоа СДСМ и Шекеринска во Охрид?
До каде е проект за гасификација на установите, институциите, индустриските објекти, туристичките објекти и објектите за домување?
Зошто СДСМ и Шекеринска и по три години власт не успеаја да го позиционираат Охрид како регионален и европски здравствен туристички центар?
Зошто нема ни Ч од чист Охрид и проектот „Еколошки чист Охрид и Охридско Езеро”?
На 15-ти јули Заев, Шекеринска и СДСМ заминуваат на буништето на темната страна на политичката сцена.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид