Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.
Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, двајца од Куманово, двајца од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево. Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни. Во Општата болница во Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2667, активни 1785
• Куманово 709, активни 254
• Дебар 83, активни 31
• Штип 277, активни 186
• Прилеп 238, активни 19
• Тетово 582, активни 338
• Струга 182, активни 102
• Велес 172, активни 32
• Битола 43, активни 14
• Охрид 124, активни 104
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 92, активни 53
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 12, активни 6
• Радовиш 4,
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 62, активни 27
• Пробиштип 13, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 10, активни 6
• Ресен 73, активни 72
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1208 теста се преку: ИЈЗ –506, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Клиника „Жан Митрев“ -205, Судска медицина-6 и Систина со PCR метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти од кои на кислородна поддршка се 36 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани едно дете и 11 возрасни позитивни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, од кои четворица пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До изутрината вкупно хоспитализирани се 124 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19