Нашата посветеност во насока на почитување на законските прописи во делот на соодветното управување со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО, денеска доби голема поддршка од страна на Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Амбасадорот Тимоние ги поздрави досегашните заложби и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Оваа можност ја користам да упатам јавна благодарност до Амбасадата на Франција во нашата држава за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО, напиша градоначалникот Георгиески.