Упатувам најискрени честитки по повод 24 јуни- Меѓународниот ден на балканските Египќани.
Египќаните се нераскинлива алка во секојдневниот живот во градот. Почитувањето на различностите и надминување на етничките и културолошките пречки се услов за квалитетно мултиетничко општество.
Постојаното надградување на меѓусебните односи е во нашиот фокус. Искрено верувам дека секоја наредна година на овој ден ќе нотираме дека меѓуетничката интеграција е на повисоко ниво.