Јавното претпријатие „НИСКОГРАДБА“ секојдневно презема активности за одржување на канализациониот систем и цевководите на градот. На ул.’’Питу Гули’’ во тек е активност за преприклучување на фекалните приклучоци во мрежата за фекална канализација и уличните сливници во атмосферската канализација. До сега нивната функционалност беше оневозможена од приклучување на фекални води во атмосферската канализација и обратно. Со оваа активност на Јавното претпријатие ќе се изврши одвојување на фекалната од атмосферската канализација и ќе се постигне зголемена функционалност и на двете линии.