Единствена Македонија на Јанко Бачев и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја започнаа изборната кампања која ќе се води на терен преку непосредни разговори со народот „очи во очи“, преку социјалните мрежи и преку класичните медиуми.
Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ настапува со кандидатски листи во сите шест изборни единици. Нивната реторика е дека „Република Македонија“ преживува најтешки моменти од кога било досега и дека Единствена Македонија како партија секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.
-Злото во Република Македонија има име. Злото се вика Партијата „Погреб за Македонија“ составена од ДПМНЕ и СДС кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата и на 15 јуни ќе биде поразена. Затоа, мора да го кажаме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на 15 јули – настан од историско значење на кој народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ги поништат антимакедонските договори и ќе спроведат ревизија и одземање на украдените околу 15 милијарди евра во изминатите 30 години, стои во соопштението на оваа партија.