ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НА РАЗГЛЕД НА ПАТЕКАТА ШТО ВОДИ ОД СААТ КУЛАТА ДО ГОРНА ПОРТА

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со претставници  од Амбасадата на Швајцарија  и од Центарот за развој на Југозападниот плански регион,    беше на разглед на пешачко рекреативната патека  којашто води од  Саат кулата до Горна Порта во стариот дел на градов.

За уредување на патеката беа обезбедени финасиски средства  преку проектот ” Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион”, во рамки на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”,  од страна на Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид.

Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри. Патеката е изградена од природни материјали, а долж истата се поставени и 24 автентични канделабри.

Уредувањето на ова патека придонесува кон зголемување на атрактивните места во Југозападниот плански регион. Посетителите можат да нарпават рута по која од централниот дел на двата рида ќе излезат на источната страна, со што  се зголемува  видливоста на долниот дел од стариот град и на подградието на Охрид.