Во угостителските објекти е дозволено да се примаат гости и во внатрешните делови, меѓутоа не е дозволено да се организираат свадби и други видови на прослави. Исто така се забрануваат и музички настани односно ова би значело дека во објектите не смее да има жива музика.
Според Протоколот остануваат мерките да мора да има дезинфекциски средства на сите маси, гостите да бидат на растојание од 2 метри, најмногу на маса да седат двајца, персоналот да носи заштитна опрема, постојано да биде вршена дезинфекција во објектите, тоалетите и да не се користат сушачите за раце. Останува и правилото дека на една маса можат да седат четири лица но само ако се од иста фамилија.