🆕🚧Деновиве завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедската на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“.
Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување.
Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.