Како СДСМ Охрид падна од 18.000 гласа на 12.000 гласа .
Сдсм во времето на Тунтев ги бележи најдобрите резултати
2016 година (Парламентарни избори) – 15.000 гласа
2017 година ( Локални избори ) – 18.262 гласа
Сдсм со промената на Тунтев и доаѓањето на новиот претседател Лазе Танески бележи пад од околу 4000 гласови .
2018 РЕФЕРЕНДУМ – 14.401
2019 Претседателски прв круг – 12.447 гласа
2019 Претседателски втор круг – 14.108 гласа
Сдсм Охрид најголемиот пораз во Охрид го доживеа во 2013 година кога Никола Бакрачески го победи на Александар Петрески со 7.754 гласа разлика , но тогаш СДСМ освои 13.250 гласа , резултат што е за 803 гласа подобар од Претседателските избори (прв круг) во 2019 година , предводени од претседателот Лазе Танески .
Дали Сдсм на следните парламентарни избори кои ке се одржат на 15 јули 2020 година ќе добие повеќе од 12.000 гласа !?
Според анализите на ОхридВест:
– Солза Грчева поранешна пратеничка на Сдсм , денес има формирано своја партија “Глас за Македонија” и има кандидирано пратеничка листа и на ИЕ5 каде 2 кандидати се од Охрид и се поранешни членови на Сдсм.
– Партијата “Демократи” кои на Локалните 2019 во Охрид освоија 1003 гласа и на втор круг дадоа подршка на СДСМ и тие имаат своја листа и 2 ца кандидати од Охрид.
– Партијата “ГДУ” кои на Локалните 2019 во Охрид освоија 1655 гласа и на втор круг дадоа подршка на СДСМ и тие имаат своја листа во ИЕ 5 а и носителот на листата е од Охрид.
– Партијата ДУИ која има над 1500 гласачи и која дава редовно дава подршка на СДСМ ,овој пат и тие имаат своја листа во ИЕ5 и СДСМ не може да смета на нивната подршка.
– Сдсм не може да очекува подршка ниту од ДПА кој Носителот на ИЕ5 е од Охрид и прв пат Албанец од Охрид е носител на една пратеничка листа
– Исто така СДСМ не може да смета на подршката од Алијансата на Албанците кои во Охрид имаат околу 400 гласачи и имаат своја листа за пратеници во ИЕ5. Останатите партии и коалции како што се : “Никогаш северна” предводена од Јанко Бачев,ЛЕВИЦА од Апасиев ,Твоја партија,Македонски Концепт,СДУ,ИНТЕГРА,МОРО , сите овие партии според нашите анкети заедно ке освојат најмалку 6 % од гласовите во Охрид што значи доколку имаме излезенот до 55 % , СДСМ може да очекува подршка од само 40%.
Како е можно на едни исти избори СДСМ да победи за Градоначалник и да изгуби за Претседател ?
Дали гласачите гласале за Кандидатот а не за партијата ?
Сето ова и информациите кои ги располагаме за функционер од СДСМ како влегол во РЕК Битола да врши ископи, како манипулирал со субвенционирањето за бесплатните летувања на социјално загрозените ( пред короната ) , за вработувањата на целата фамилија и др , ке ги објавиме наскоро .