Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги поддржува сите манифестации, културни збиднувања и верски празнувања значајни за општина Охрид и активно се вклучува во активостите за подигнување на јавната чистота на повисоко ниво.И оваа година екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум генерално го расчистија туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.
Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад од контејнерите, расфрланиот ситен комунален отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.