Елвис Бајрам прогласен за најдобар фудбалер во Охрид

Најдобар фудбалер во Охрид прогласен Елвис Бајрам покрај  него со признанија се закитија и уште 12 други спортисти од градов: ракометарот  Иван Тасески,  каратистот Марија Ристевска,најперспективни  млади  спортисти во  категоријата  фудбал се  Мартин Ѓорѓиески, Диел  Доко, Стефан Џајкоски.

Најуспешен млад спортист во категоријата кајак е охриѓанецот Владимир  Вељаноски, во категоријата едриличарство Јана Гаџовска, во  стрелаштво Мартин Гоџоски а најуспешен млад спортист за 2014 е Анастазија Паскали.

За најдобар спортист во Охрид за 2014 година е избран  Велосипедист Јован Јованоски од клубот „Екодром“

Пред присутните денес се обратија и   спортските доени од Охрид, пливачката   Олга Џипунова –Паунчева и  Димче Стојкоски – Лепиот .