ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГРАД ОХРИД ЗА УЗ 8,УБ 8.3 И УЗ 17, УБ 17.4, ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2029

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и

39/16), Општина Охрид,  на ден година,  06.07.2020г. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена
  1. За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4,  општина Охрид,  плански период 2019-2029 кој го донесува Општина Охрид  е  потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4,  општина Охрид,  плански период 2019-2029 ,  се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
  3. За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4,  општина Охрид,  плански период 2019-2029 ,  кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид,  донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва,  управување со отпад,  природното и културно/археолошко наследство).
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГРАД ОХРИД ЗА УЗ 8,УБ 8.3 И УЗ 17, УБ 17.4, ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2029