Вмро Дпмне и Коалицијата во Охрид победија со 1654 гласа разлика наспроти СДСМ. ВМРО ДПМНЕ и КОАЛИЦИЈАТА ОСВОИ 12.484 гласа, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА 10.830.
Во сите избирачки места во Велгошти ВМРО ДПМНЕ ПОБЕДИ СО 620 гласа разлика наспроти СДСМ.
Во сите избирачки места во ЛЕСКОЕЦ , ВМРО ДПМНЕ победи со 220 гласа разлика наспроти СДСМ.
Стар Град – ВМРО ДПМНЕ победи со 241 глас разлика наспроти СДСМ
Куратица – ВМРО ДПМНЕ победи со 97 гласа разлика, и во повеќето села во Охрид , Вмро Дпмне победи со мала разлика.
Сдсм во поголемиот дел избирачки места во градот оствари тесна победа.
ВМРО ДПМНЕ во Охрид победи за разлика од цела Држава каде ги изгубија изборите како во 5та изборна единица така и во цела територија на Р С. Македонија .
СДСМ 5 ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ НАПРАВИ ПРОМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ШТАБ !?
По повеќето средби со граѓани на носителот на изборната единица 5 Радмила Шекеринска и други функционери на СДСМ било константирано дека СДСМ во Охрид го очекува ДЕБАКЛ. По што следеше смена на изборниот штаб на СДСМ ( иако од самата партија демантираја дека нема такво нешто) но оваа смена само благо ја опорави штетата направена од раководството на СДСМ предводено од Лазе Танески,кој во својот мандат како претседател на СДСМ ОХРИД се изолира и опкружи само со партискиот секретар Васко Паскали , раководителот на затворот во Охрид Ристе Недески имаше интензивна комуникација со партијата ДУИ чии барања редовно ги удволуваше и свесно или несвесно на ДУИ и донесе 600 гласа плус на штета на СДСМ во Македонските средини.
Што се однесува до резултатот кој го оствари во ОХРИД ВМРО-ДПМНЕ,остварениот успех се должи на напорната и пожртвувана работа на ДВОЕЦОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ И САШО ДОНЕВ. Тие двајца во најголем дел го презедоа функционирањето и финансирањето на партијата од 2017 година одкако Вмро Дпмне ја изгуби власта во Охрид , ги изгуби финансиерите а на партијата заборавија и речиси сите кои го сочинуваа владејачкиот естаблишмент во Охрид до 2017 година . Во тој период двоецот Пецаков – Донев напуштени од сите ја поведоа борбата која денес ги донесе до победа и силна факторизација во ВМРО ДПМНЕ како во Охрид така и во Р. С. Македонија.
ВО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ПОБЕДУВААТ ИМИЊА А НЕ ПАРТИИ
По промените од 2016 година и исчезнувањето на мешањето на полицијата и други структури во избори во Охрид победуваат личности кои не се искомпроминирани личности и имаат авторитет во градот. Таков беше случајот на изборите во 2019 кога партијата СДСМ ги изгуби изборите за претседател но Константин Георгиески победи на локалните избори и стана Градоначалник. Истовремено Вмро Дпмне локално победи за претседател во Охрид а изборите ги работеа двоецот ПЕЦАКОВ ДОНЕВ. Сето ова потврдува дека во моментот нај авторитетни имиња на политичката сцена во градот Охрид се КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ВО ЛЕВИОТ БЛОК И ДВОЕЦОТ ПЕЦАКОВ – ДОНЕВ ВО ДЕСНИОТ БЛОК.
На 2 јули 2020 објавивме анлиза од ОХРИДВЕСТ која предлагаме да ја прочитате.