Сашо Смилески повторно назначен за началник на СВР Охрид. Тој доаѓа на местото на досегашниот Илија Милески, кој на оваа позиција го назначи техничкиот министер Наќе Чулев, на кого му заврши мандатот.
Инаку, Смилески функцијата началник на СВР Охрид ја извршуваше од 29 ти септември 2016 год па се до формирањето на техничката влада пред изборите.
Смилески функцијата началник на СВР ја извршуваше и во периодот од декември 2015 до мај 2016.