Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, поради асфалтирање на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“, што ќе се реализира утре 28.07.2020 од раните утрински часови, потребно е да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности.
Дополнително поради градежните активности за асфалтирање и уредување, кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во текот на утрешниот ден.