Во тек се завршни градежни активности за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“.
Денеска се изврши поставување на првиот слој асфалт, а во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт.
Проектот за реконструкција на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.