41-ВО ИЗДАНИЕ НА МАЛИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

На 2-ри август на големиот национален празник Илинден  во Охрид  ќе се одржи традиционалниот мал пливачки маратон.  Во услови на  пандемија од КОВИД 19, годинешното маратонско издание ќе се реализира по претходно утврдени протоколи. Според  предвиденото  стартот на трката закажан за 10 часот  наместо од хотел „Парк“ како што беше претходно   ќе биде  од месноста „Мазија“, а трката  ќе има кружен тек. Патеката во должина од 2,5 километри се очекува да ја препливаат не повеќе од педесетина  учесници во машка и женска конкуренција.

Организатор на настанот е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид.