По многуте барања од сопствениците на пловни објекти пред се поради обезбедување на поголема сигурност за нивните пловни објекти ЈП “Билјанини Извори” од денес во функција го стави поставениот систем за видео надзор. Истиот се постави каде што се усидрени пловните објекти, како што можете да видите на приложените фотографии, од едната страна на каналот Студенчишта со кој стопанисува јавното претпријатие. Ова е уште еден заеднички чекор кон воспоставување на подобри услови, во овој случај поголема безбедност за пловните објекти, за сите оние кои одлучиле да склучат договор со нас за времено усидрување на своите пловни објекти во каналот Студенчишта.