ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед.

 – Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан БајрамОвој голем празник ги потврдува солидарноста и милосрдието како најголеми човекови вредности и не учи дека меѓусебната почит и добрите дела се основен предуслов за мир и толеранција.

Посакувам љубовта и вербата во Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото богатство на нашето општество.

Нека овие празнични мигови донесат радост, добра мисла и мотив да останеме посветени на најважните цели и заеднички да ги премостиме сите премрежја, стои во честитката на градоначалникот Георгиески.