Членовите на Планинската спасителна служба при Црвен крст, Охрид во координација со екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово спроведоа акција за расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел во месноста „Канео“, каде што во текот на изминатите денови, од страна на несовесни посетители беа расфлани големи количини на отпад.
Се упатува апел до гостите кои престојуваат во Охрид да се однесуваат одговорно, да не ја загадуваат околината и отпадот да го депонираат соодветно.