Во тек се интензивни градежни активности од последната фаза за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“.
Денеска започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, а според планираното, утре се очекува да заврши комплетното асфалтирање на улицата.
Претходно, работните екипи на терен, беа ангажирани за уредување на тротоарите со бехатон плочки и нови рабници.
Вредноста на проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е 12.952.424 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.