Како последица на последните случувања со Еуростандард банка, Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните и правните субјекти, корисници на нашите услуги, дека нема да бидат во можност да извршат уплати на сметки и фактури за услугата подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид преку Македонска пошта.
На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог , како и на шалтерите од банките.
– електронска наплата за физички лица www.eohridskikomunalec.com.mk
– електронска комуникација официјалeн е-маил ohridkom@t.mk
-контакт-форма на нашата веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk
дежурни телефони:
Дирекција: ++389/46-263-325; ++389/46-250-142;
Наплатна служба: 046-268-248
Механизација: 046-265-353
Паркови и зеленило: 046-250-142