Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, Министерството за транспорт и врски ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 25.08.2020 год.(вторник) во утринските и вечерните часови ќе се изврши прскање за уништување на возрасни комарци на територија на општината.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.